Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави официјалните податоци за измерените температури во 11 часот на мерните станици низ државата, каде што е активирана портокалова фаза за високи температури.

Според мерењата, највисока температура предпладнево е измерена во Гевгелија, каде што живата во термометарот достигна 34,8 Целзиусови степени.

Веднаш по Гевгелија следува Скопје на мерната станица Зајчев Рид со измерени 33,7 степени, Велес со 32,8, како и Демир Капија и Кавадарци каде што се измерени 32,5 степени.

Високи температури во 11 часот се регистрирани и во Штип (32,1°C), Скопје-Петровец (31,9°C), Струмица (30,9°C) и Тетово (30,2°C).

Под границата од 30 степени утрово се Тополчани (29,2°C), Прилеп (29,1°C), Крива Паланка (28,5°C), Претор (28,4°C), Берово (28,3°C), Виница (28,0°C) и Пожаране (27,6°C).

Најсвежо во овој мерен период е во туристичките и планинските места: Охрид бележи 25,9 степени, Радовиш Пожар 25,7°C, Крушево 24,3°C, додека на Попова Шапка се измерени 19,8 степени Целзиусови. За мерната станица Маврови Анови во овој термин нема достапни податоци.

Exit mobile version