Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информираше дека последните наоди покажуваат значително подобрување на квалитетот на водата, но посочи дека е потребно уште време пред таа официјално да биде прогласена за исправна за пиење.
Според него, конечната одлука е во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), која ќе даде одобрение откако ќе се потврди дека се исполнети сите потребни стандарди.
„Состојбата со водата е значително подобрена, последните наоди се подобри, но потребно е време за истата да биде прогласена за чиста за пиење. АХВ ќе го направи тоа кога водата ќе биде и хемиски и бактериолошки исправна за пиење“, изјави Ангелов.


