Вчера во 13:40 часот на кеј „Димитар Влахов“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишија од слобода K.К.(30) од Турција.
Тој се сомничи дека измамил друг турски државјанин за сума од 6.650 евра. Според пријавеното, во октомври 2025 година преку социјална мрежа стапил во контакт со лицето и му ветил дека ќе му посредува за добивање документи за работа и престој во државата, по што во неколку наврати преку трансакциска сметка му биле исплатени паричните средства.
Откако К.К. престанал да му се јавува, оштетениот пријавил во полициска станица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Актуелно
- Зеленски со јасен рок: Украина во Европската Унија до 2027 година
- Заврши седницата на Влада – паднаа повеќе одлуки
- Македонски Телеком ги отфрла незаконските обвинувања и очекува да се применат принципите на владеење на правото
- Зеленски: Украина планира членство во ЕУ до 2027 година
- Запленети 140 килограми експлозив и оружје во напуштена куќа во Зубин Поток
- Седум навивачи на ПАОК загинаа во страшна сообраќајка во Романија
- Скандалозна одбрана по трагедијата во Швајцарија: Сопствениците на барот ја обвинија мртвата келнерка за пожарот
- Сеќавање на 7.144 македонски Евреи: МНР го одбележа Меѓународниот ден на Холокаустот

