Вчера во 17:00 часот во СВР Скопје, 47-годишна жена од Скопје пријави дека во периодот од 04.05.2026 до 06.05.2026 таа и нејзиниот татко биле измамени од две лица за 152.000 денари.

Според пријавеното, таа преку социјална мрежа и телефонски  стапила во контакт со едно женско лице и едно машко лице, кои биле и дома кај неа и ветиле дека ќе ја вработат во некоја од државните институции, за што во неколку наврати оштетените им дале пари. Но, бидејќи 47-годишната жена не добила вработување, случајот го пријавила во полиција.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Exit mobile version