СВР Куманово поднесе кривична пријава против 61-годишен скопјанец и едно правно лице од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Според полицијата, пријавениот со лажно прикажување факти довел во заблуда лице од Куманово при продажба на патничко возило „мерцедес вито“. Иако возилото било предмет на договор, оштетениот не ги добил парите во износ од 1.840.815 денари.

Случајот е целосно документиран и против осомничените е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

Exit mobile version