До 13 часот на локалните избори највисока излезност е забележана во Демир Капија – 34,21%, следи Росоман со 27,10%, а во Неготино излезеноста изнесува 24,17%.

  • Во Неготино, гласањето се спроведува на 28 избирачки места, а право на глас имаат 15.902 лица.
  • Во Демир Капија, се гласа на 11 избирачки места, со 3.186 избирачи.
  • Во Росоман, каде се одржува вториот круг од локалните избори, гласањето се спроведува на 10 избирачки места, а право на глас имаат 3.295 лица.

Општинските изборни комисии информираат дека гласањето се одвива организирано и без посериозни нарушувања.

Exit mobile version