Излезни анкети во Бугарија: Партијата на Борисов со најмногу гласови, Петков е втор

 

Седум партии и коалиции ќе имаат свои пратеници во идниот 48. парламент, покажуваат најновите резултати од излезната анкета на социолошката агенција „Галуп интернешнал Балкан“ во 20 часот, пренесе БНР. бг.

Според анкетата, коалицијата ГЕРБ-СДС на Бојко Борисов победи на предвремените парламентарни избори со 24,7 отсто од гласовите.

На второ место се „Промената продолжува“ на Петков со поддршка од 18,8 проценти.

Трети се Движењето за права и слободи, кои дибиваат 14,5 отсто од гласовите на гласачите.

„БСП за Бугарија“ е на четвртото место. Поддршката за левата коалиција е 10,8 отсто.

За „Вазраждане“, кој е на петтото место, својот глас го дале 10,2 отсто од оние кои имаат право на глас.

7,4 отсто е поддршката за „Демократска Бугарија“ и остануваат на шестото место.

Последните, седмите, кои ќе имаат пратеници во следното Народно собрание се од „Има таков народ“. За нив гласале 4,6 проценти од гласачите.

На прагот да влезат во парламентот од „Бугарски подем“, формацијата на Стефан Јанев има точно 4 отсто поддршка.

„Стани Бугарија“ и ВМРО остануваат под линијата.

До 20 часот излезноста на изборите беше релативно слаба, само 36,6 отсто од Бугарите го искористија своето уставно право на глас.

02.10.2022 - 20:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа