Close Menu
    Најново

    Излезете масовно: Taравари го поддржува протестот за припадниците на УЧК

    10.12.2025 во 09:25

    Температури под нулата: Утрово смрзнувачка во цела Македонија

    10.12.2025 во 09:22

    Герасимовски: Нов буџетски форум, со центарци денеска ги дефинираме приоритетите за 2026

    10.12.2025 во 09:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Излезете масовно: Taравари го поддржува протестот за припадниците на УЧК
    • Температури под нулата: Утрово смрзнувачка во цела Македонија
    • Герасимовски: Нов буџетски форум, со центарци денеска ги дефинираме приоритетите за 2026
    • Жерновски: Mигрантите ќе се движат слободно низ државата
    • Кој не земал пари за таблет, да си побрза: Рокот истекува за 10 дена
    • Нормализиран сообраќајот на ГП Евзони
    • Дневен хороскоп за 10 декември 2025: Рибите се будат од маглата, Девиците ја преземаат контролата
    • Жерновски во Топ Тема: Стабилноста, безбедноста и иднината на државата е во прашање доколку дојдат мигранти
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Излезете масовно: Taравари го поддржува протестот за припадниците на УЧК

    Излезете масовно: Taравари го поддржува протестот за припадниците на УЧК

    10.12.2025 во 09:25
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Едното од трите крила на Алијансата Албанците, предводено од Арбен Таравари, соопшти дека го поддржува протестот организиран во, како што велат, одбрана на вредностите на косовската ослободителна војна и водачите на Ослободителната војска на Косово, кои продолжуваат да бидат неправедно притворени во Хаг.

    „Во овој важен момент за националното достоинство, ги повикуваме сите Албанци, без оглед на политичките убедувања, масовно да се приклучат на протестот што ќе се одржи на 13 декември, на плоштадот „Скендербег“ во Скопјe.

    Нашиот заеднички глас мора јасно да се чуе во одбрана на правдата и вистината за ослободителната војна, најчистата и најправедната војна што ја водеше албанскиот народ за слобода“, порачуваат од таборот на Таравари.

    Организаторите велат дека се чека само формално одобрение од Град Скопје за одржување на протестот.

    „Според законот, поднесовме две барања до Град Скопје. Добивме заклучок да ја платиме комуналната такса, што го направивме, и очекуваме дозволата да биде издадена без пречки, бидејќи тоа е уставно право“ – истакна Бујар Дардишта од Организацискиот совет.

    Градоначалникот на Чаир и лидер на владејачката Демократско движење Изет Меџити рече дека во принцип го поддржува протестот за поддршка на поранешните водачи на косовската ОВК. Тој како градоначалник на Чаир, општина каде протестот треба да се оддржи, рече дека ќе даде согласност за негово одржување. Сепак, нејасно е дали Меџити ќе присуствува на протестот.

    Претходно, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е погрешен потег на лидерот на ДУИ, Али Ахмети што го најави протестот. Мицкоски изјави дека смета оти Ахмети треба да ја преиспита таа одлука.

    Популарно

    МВР ќе испраќа и фотографии, процент на тоелранција на брзината ќе има

    09.12.2025 во 10:22

    Пивоваров: Најдобро е премиерот Мицковски да упати демант до британските медиуми

    09.12.2025 во 22:25

    13 затвореници беа пронајдени мртви во затвор во Јужен Еквадор

    09.12.2025 во 22:09

    Посилни партнерства за почисти региони: Пелагонија и Југозапад се посветени на формирање модерен и одржлив систем за управување со отпад

    09.12.2025 во 21:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.