Изгубил контрола и излетал од патот- Кичевчанец тешко повреден

 

Маж од Кичево управувајќи автомобил, излетал од патот кај с.Бигор Доленци, а во незгодата се здобил со тешки повреди по што бил пренсен во болница.

„На 29.08.2020 во 14,15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кичево Македонски Брод кај с.Бигор Доленци патничко моторно возило “фолксфаген голф“ со кичевски регистарски ознаки управувано од С.Н.(60) од Кичево излетало надвор од коловозот.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Кичево“ соопштува полицијата.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.08.2020 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега