Голем пожар избувна синоќа во култниот штипски ресторан „Мал одмор”.

Со пламените јазици се справувале сите капацитети на Територијалната противпожарна единица Штип, со три возила и дванаесет пожарникари, кои заедно со навивачката група „Ултра Банда“ учествуваа во гасењето на огнот, пренесе ТВ Стар.

Пожарникарите и локалните навивачи успеале да го стават огнот под контрола и да биде спречено негово понатамошно ширење.

Како што пренесе ТВ „Стар“, причина за пожарот била струјна инсталација.

Exit mobile version