Изет Меџити: Дали е вистина дека идната недела ќе му биде вратен пасошот на Груевски

 

Дали е точно дека идната недела ќе му биде вратена патната исправа на Никола Груевски, прашува лидерот на Демократското движење, Изет Меџити.
Меџити во таа насока вели дека со измените на Кривичниот законик, Груевски автоматски се ослободува од одговорност за случајот ТНТ и ТРАЕКТОРИЈА, и прашува дали за другите кривични дела за кои е осуден ќе му се овозможи повторување на кривичната постапка.

Меџити претходно рече дека оние кои помогнале за бегството на Груевски и сега за неговото враќање, ќе сносат одговорност.

Изгласувањето на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, со кој меѓудругото се намалуваат казните за различните облици на кривичното дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Злосторничко здружување“, предизвика бројни реакции во јавноста.

Албанските партии, Алтернатива, Движење Беса и Демократско Движење сметаат дека измените во Кривичниот законик кои Владата ги предложи до Собранието се прават да се спаси Никола Груевски.

09.09.2023 - 20:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега