Избувна пожар во стан во Скопје, едно лице заврши во болница

Денеска во 00.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Боро Менков“ настанал пожар во стан сопственост на Д.В (40) од Скопје. 

Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а поради вдишување чад сопственикот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување помош.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.   

18.06.2024 - 16:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега