Избувна пожар утринава во Куманово - шест пожарникари се бореле со огнената стихија

 Горела семејна куќа во кумановската населба Средорек, соопшти денеска регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Во пожарот нема повредени лица.

Пожарот во територијалната противпожарна единица бил пријавен во 02:50 и го гаселе две противпожарни возила и шестмина пожарникари, информираа од кумановската противпожарна единица.

И екипа на СВР Куманово извршила увид. Оттаму информираа дека куќата е во сопственост на 42 годишниот Ј. О.

Пожарот е изгаснат во 04:45 часот.

26.11.2021 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега