Германска градоначалничка се бори за живот откако била избодена пред нејзиниот дом „од повеќе мажи“, објави „Дејли меил“.

57-годишната Ирис Шталцер била пронајдена тешко повредена од нејзиниот син во нејзиниот стан во Хердеке-Херентих во вторник, објави германскиот весник „Билд“.

Политичарката наводно била избодена повеќе пати во стомакот и грбот од група мажи на улица. Таа прима итна медицинска помош во болница и е во критична состојба, објави весникот.

Ирис Шталцер е градоначалничка на Хердеке во покраината Северна Рајна-Вестфалија.

По осомничените е во тек потрага.

Exit mobile version