Денеска, петок (02.10.2026), Игор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски во партиската архива на „Бихаќка“ ги доставија предлозите за структурни промени во СДСМ.
„Се надеваме дека овие предлози ќе стигнат на адресата на оној кој може да ги разбере. Во интерес на иднината на партијата и државата е во разумен рок да се преземат конкретни чекори за враќање на партијата на членството. На хистеријата одговараме со предлози, на инертноста со конкретна акција, на безидејноста со прецизен план“, стои во објавата од „Разговори за иднината во 12:05“.


