Ивановска: При крај сме со предметот „Леонардо “ против Рашковски, државата плаќа големи камати

Договорот со италијанската фирма „Леонардо“ за набавка на радарски системи останал ист и пред во него да се вклучи поранешниот генерален секретар Драги Рашковски, но сомнително е доцнењето со исплатата на траншите за кои државата плаќа високи камати, вели во неделното интервју за Радио слободна Европа претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска.

За предметот „Леонардо“ Ивановска вели дека се работи за комплексен и обемен предмет.

„Ние го отворивме и од аспект на јавната набавка, на целата постапка за избор на „Леонардо“ како оператор од кој што требаше да се набави таа опрема, и тој е малку пообемен процес, и тој процес е завршен. Е сега вториот дел е кога Рашковски се вклучува и зошто се вклучува и зошто се одолговлекува времето на склучување на договорот, иако се склучува ист договор како и претходно што се сакало да се склучи, ни остануваат уште ситни детали, околу пет до десет проценти за целосна обработка на предметот, меѓутоа и тоа брзо ќе се заврши и ќе ги објавиме резултатите од тој предмет.

Договорот останал ист, дали имало желба да се промени нешто не знам, на писмено врз основа на документи тоа не сме го виделе, освен што времето за повлекување на траншите е надминато, а за надминување на времето, за ненавремено плаќање на траншите се плаќаат високи камати од страна на државата“, вели во интервјуто за РСЕ Ивановска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.03.2021 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега