Иванов: Владата нема да дозволи промена на Уставот се додека патот до ЕУ не е придвидлив

 


Во гостување на 24 Телевизија во емисијата „Анализа 24” присуствуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Душко Иванов. Тој се осврна на извештајот од Европската Унија за напредокот на Македонија во врска со уставните измени.

„Веќе по не знам кој пат Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија” повторува, а тоа всушност беа и предизборните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да се согласи со ултимативни барања од страна на соседните држави”, потенцираше Иванов.

Исто така Иванов се осврна на актуелниот проблем кој ја задира Македонија, а беше наследен од претходната Влада. Тој нагласи дека сегашната Влада ќе направи напори за решавањето на овој проблем, но не под секој услов, односно дека оваа Влада нема да дозволи промена на Уставот се додека патот до Европската Унија не е придвидлив.

„Тоа е причинско последична врска која ја наследивме од претходната влада, едноставно прифатиле одговорност која што свесно знаеле дека нема да ја спроведат. Сегашната Влада ќе преземе сигурни чекори да ја стабилизира државата во патот кон европските интеграции меѓутоа нема да се согласиме и нема да дозволиме промена на Уставот се додека не е придвидлив патот на Европската Унија на Македонија од причина што во текот на отварањето на поглавјатата на сите кластери можеме да имаме нови барања од Република Бугарија и патот кон Европската Унија да биде долгорочен процес кој што не одговара на граѓаните на Република Македонија”, рече Иванов.

Иванов потенцираше дека уставните измени ќе се направат само доколку се прифати истите да бидат направени со одложено дејство.

„Доколку сме се обврзале да ја направиме промената на Уставот ќе биде со одложено дејство и премиерот исто кажа ајде да му дадеме време на времето и тоа ќе биде разумен период да се обидеме да стекнеме некакви подобри позиции при преговарањето, треба да имаме политичка Влада во Република Бугарија. Да се состави таа Влада за да имаме соговорник од другата страна со кој што ќе може да преговара Република Македонија и тие преговори да имаат легитимитет од двете страни”, додаде Иванов.

31.10.2024 - 09:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега