Состојбата со сметот во градот, а со тоа и во Општина Центар, е крајно загрижувачка и бара итни и кризни мерки на општинско ниво, откако нема информација дали и кога Градот и ЈП „Комунална хигиена“ ќе продолжат со собирањето на сметот.

Градоначалникот Герасимовски денес во 11 часот го свика Штабот за заштита и спасување со цел да се донесат итни одлуки за справување со кризата со сметот. Во текот на вчерашниот ден и ноќта, ЈП „ПОЦ“ продолжи со собирање на сметот и се работи во две смени. Акцијата продолжува секој ден.

Во 12:00 часот, по состанокот, градоначалникот Герасимовски ќе одржи прес-конференција во дворот на општината. Ве замолуваме за присуство, поради важните следни чекори со кои мора да бидат информирани граѓаните, информираат од Општина Центар во соопштението испратено до медиумите.

Exit mobile version