Итен состанок со Кризниот штаб- Српската премиерка најави заострување на мерките-
Премиерката Ана Брнабиќ изјави дека денес ќе има состанок со медицинскиот дел од Кризниот штаб и посочи дека ќе треба да се засилат мерките против коронавирусот.
„Сигурно ќе мора да ги заостриме мерките, но ќе видиме што може да се стори и што е најпаметно“, рече Брнабиќ во селото Јунковац во Лазаревац, одговарајќи на новинарски прашања дали мерките ќе бидат засилени.
Премиерката изјави дека медицинскиот дел од Кризниот штаб инсистира на заострување на мерките.
Таа изјави дека ги разбира здравствените работници, но дека мора да размисли и што ќе донесе дополнителни ограничувања во однос на дополнителни прекршувања на мерките што не можат да се контролираат.
„Се обидуваме да најдеме рамнотежа и мислам дека успеваме во тоа, бидејќи сè уште имаме генерално доста добри показатели, и економски и здравствени“, рече таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа