Габриеле Нунцијати, дописник од Брисел за италијанската агенција Нова, беше отпуштен поради прашањето што ѝ го постави на портпаролката на Европската комисија, Паула Пињо, дали Израел треба да финансира реконструкцијата на Појасот Газа.

На прес-конференцијата одржана на 13 октомври, Нунцијати го запраша Пињо зошто од Израел не е побарано да ја покрие обнова на Газа, истакнувајќи дека израелските операции уништиле голем дел од цивилната инфраструктура. Пињо ја нарече темата „интересно прашање“, но не даде конкретен одговор.

Две недели подоцна, Нунцијати доби известување од својата агенција дека нивната соработка се прекинува. Портпаролот на Нова, Франческо Чивита, образложи дека новинарот поставил технички неточно прашање, според кое Израел „одговарал на напад“, во спротивност со инвазијата на Русија врз Украина, и дека неговото видео било преземено од медиуми со политичка агенда, што предизвикало „срам за агенцијата“.

Италијанската пратеничка Ана Лаура Орико ја осуди одлуката, нарекувајќи ја „срамна“. Други новинари од Нова истакнуваат дека случајот на Нунцијати е само „врв на ледениот брег“ на притисокот што го чувствуваат новинарите кога известуваат за конфликтот во Газа.

Според Комитетот за заштита на новинарите (CPJ), повеќе од 240 новинари се убиени, десетици се ранети, а речиси 100 се затворени во Газа во последните години.

Exit mobile version