Италијански инфектолог тврди: Пандемијата со коронавирусот е завршена

Експертот за инфективни болести Матео Басети, директор на Клиниката за инфективни болести во Џенова, вели дека епидемијата на Ковид-19 во Италија поминала и оти тоа може да се види од бројките.

Тој ја критикуваше тенденцијата секојдневно, како воени извештаи, да се зборува за раст на заразени лица без анализа на податоците за тоа колку се асимптоматски, колку се хоспитализирани и слично. Во ниту една земја не се прави така, само во Италија, тврди доктор Басети. Според него, проблемот е во комуникацијата и тој ги гледа виновниците во локалните институции, медиумите, но и меѓу т.н експертите.

Токму Италија на почетокот беше најпогодената европска земја од коронавирус со 243 илјади заразени и речиси 35 илјади регистрирани смртни случаи. Во целиот свет од почетокот на пандемијата регистрирани се 12,7 милиони инфицирани, од кои над 7 милиони оздравеле. Како последица од ковид 19 во целиот свет починале 565 илјади лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.07.2020 - 08:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега