Италија со најголем дневен број новозаразени со корона од почетокот на мај

Италија регистрира 1.907 нови случаи со коронавирус во последните 24 часа, најголемо дневно зголемување од почетокот на мај, соопшти денеска Министерството за здравство.

Уште десет лица починале од ефектите на вирусот.

Последен пат слично зголемување на дневниот број на инфекции е забележано на 1 мај, кога имало 1965 нови случаи.

Од почетокот на пандемијата, Италија забележа 294.392 заболени и 35.668 смртни случаи.

Бројот на заразени е во пораст во последните шест недели, според италијанските здравствени власти, иако не е толку голем како во Шпанија или Франција.

Расте стравот од втор бран неконтролирана епидемија во Италија, која беше сериозно погодена од коронавирусот во февруари.

Зголемувањето делумно се должи на повторното отворање на училиштата во понеделникот по пауза од шест месеци.

Големите сили сè уште не успеваат да ги здружат силите за борба против пандемијата, изјави денеска лидерот на СЗО, Тедрос Аданом Гебреизус, во време кога бројот на заразени луѓе во светот надмина 30 милиони.

„Големите сили не работат заедно“, рече Тедрос на брифинг со новинарите во Женева, образложувајќи ја својата главна порака до светските лидери додека се подготвуваат за годишното Генерално собрание на ООН што започнува следната недела.

Тедрос рече дека исто така ќе ги повика лидерите на Генералното собрание да ги соберат потребните 35 милијарди американски долари за забрзување на развојот на лековите и вакцините против ковид-19.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.09.2020 - 22:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега