Италија се закани дека ќе ја тужи компанијата Фајзер: „За животот на граѓаните не може да се преговара“

 

Италија се закани дека ќе ја тужи фармацевтската компанија Фајзер поради доцнење на испораката на вакцините против ковид-19.

– За животот на италијанските граѓани не може да се преговара – истакна специјалниот комесар за пандемијата Доменико Аркури.

Тој истакна дека разговарал со министрите и со регионалните лидери и оти е донесена одлука да се преземе акција следните дена.

Вакцината против ковид-19 на Фајзер/БиоНтек кон крајот на декември беше одобрена од Европска Унија, но американската компанија минатата недела соопшти дека ќе ги одложи испораките во следните три до четири седмици поради промени во работниот процес во Белгија. Следниот ден компанијатра соопшти дека ја ограничува испораката за една недела.

Аркури истакна дека неделава не се доставени 29 проценти од ветените дози вакцини. Во Италија над 1,2 милиони луѓе се инфицирани со ковид-19, а повеќе од 83.000 починале од последици од вирусот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2021 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега