Италијанската влада донесе итна уредба со која драстично се кратат даноците на бензинот и дизелот, како директен одговор на енергетскиот шок предизвикан од војната на Блискиот Исток. Мерката стапува во сила денеска и ќе важи во наредните 20 дена.
Според официјалното соопштение од Рим, оваа одлука веднаш ќе ги намали цените на пумпите за околу 0,25 евра (околу 15 денари) по литар. Кабинетот на премиерката нагласи дека ова е „привремена и вонредна мерка“ за да се заштити стандардот на граѓаните.
Покрај даночните олеснувања, воведена е и посебна „анти-шпекулантска“ контрола. Државата ќе ги следи трговците за да спречи вештачко пумпање на цените и да осигура дека намалувањето на данокот навистина ќе заврши во џебот на потрошувачите.

