Откако беше погодена од силни ветрови, обилни врнежи од снег и обилни дождови во последните денови, Италија денес беше погодена од интензивен студен бран со температури кои паднаа под -20 степени Целзиусови, објавува Анса.
Регионот Венето, во североисточна Италија, е особено силно погоден, со температури под нулата низ целиот регион, од планините до рамнините.
Во областа Марчезина во покраината Виченца, на надморска височина од 1.310 метри, термометарот покажуваше дури -23,1 степени Целзиусови, додека на врвот на планината Мармолада беше -21,9 степени Целзиусови.
Регионот Молизе, во централна Италија, исто така е силно погоден, со затворени училишта во неколку општини, како и во регионалниот центар Кампобасо.

