Close Menu
Press24
    Најново

    65-годишен прилепчанец дилал дрога во затвор, кривично ќе се гони

    02.03.2026 во 23:47

    Среде Центар: Шкода заврши на жардиниера

    02.03.2026 во 23:30

    Израел нареди итна евакуација на делови од Техеран: На нишан е државната телевизија

    02.03.2026 во 23:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 65-годишен прилепчанец дилал дрога во затвор, кривично ќе се гони
    • Среде Центар: Шкода заврши на жардиниера
    • Израел нареди итна евакуација на делови од Техеран: На нишан е државната телевизија
    • Иран го затвори Ормутскиот теснец и се закани дека ќе го запали секој брод што ќе проба да мине оттаму
    • Почна евакуација на Србите од Тел Авив: Вучиќ им прати авион во Египет
    • Репрезентативецот Стефан Ашковски успешно евакуиран од Иран
    • Бела куќа: Операцијата против Иран има јасни цели
    • Пентагон: САД нема да се впуштат во нова „бесконечна“ војна
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Истражување во Шведска: Никотинските ќесички го забрзуваат падот на стапката на пушење

    Истражување во Шведска: Никотинските ќесички го забрзуваат падот на стапката на пушење

    07.11.2025 во 23:043 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Истражување во Шведска: Никотинските ќесички го забрзуваат падот на стапката на пушење

    Иако успехот на Шведска во намалувањето на бројот на пушачи и контролата на зависноста од никотин во голема мера е поврзан со традиционалниот снус, најновите истражувања ја открија значајната улога на никотинските ќесички како алтернатива за тие што не сакаат да продолжат со пушење цигари. Посебен акцент се става на жените кои се повеќе склони да ги прифатат никотински ќесички поради перцепцијата на снус во Шведска како претежно машка навика.

    Она што самите Швеѓани го истакнуваат денес, несомнено е големата улога на никотинските ќесички во намалувањето на бројот на пушачи, првенствено кај жените. Ова е темата што ја разработува извештајот на организацијата „Шведска без чад“ (Smoke free Sweden), глобална мрежа што обединува експерти за јавно здравје од повеќе од 35 земји во светот.

    Испитаници – поранешни пушачи

    Што покажува овој темелен извештај и како Швеѓаните одеднаш ја открија ефикасноста на никотинските ќесички? Накратко, одговорот го дадоа поранешни пушачи, кои сега се најбројни токму во таа земја, која преку специфични јавни политики ја намали стапката на пушење под пет отсто.

    Во истражувањето за најефикасните средства, односно алатки за откажување од пушење, беа вклучени речиси 900 испитаници, поранешни пушачи од Шведска. Намерата да се откријат, или поточно да се потврдат најчесто користените методи што им помогнале на пушачите да ја контролираат оваа зависност, ја покажа претходно недоволно препознаената улога на никотинските ќесички. Имено, мнозинството жени (поранешни корисници на цигари) ги посочија никотинските ќесички како најефикасно средство што им помогнало да ги остават цигарите.

    На скала со максимум десет поени, никотинските ќесички добија 8.2, што е три пати поуспешно од вејпот и 56 отсто повисоко од никотинските гуми за џвакање. Машките испитаници (поранешни пушачи од Шведска), истата оценка му ја дадоа на снус.

    Во извештајот се наведува дека ефикасноста на никотинските ќесички не била препознаена сè додека тие не биле воведени во шведската национална статистика како посебна категорија на никотински производи. Оттогаш, од 2016 година до денес, тие помогнале „да се забрза падот на стапките на пушење кај двата пола, со зголемување од речиси 200 отсто на стапката на откажување од пушење кај жените“.

    Храбар и прагматичен пристап

    – Шведскиот успех не е резултат на политиките за забрана или апстиненција, туку на храбар и прагматичен пристап кон намалување на штетата. Доказите се јасни: никотинските ќесички се ефикасно, општествено прифатливо и најефикасно достапно оружје против пушењето. За владите ширум светот, тие претставуваат моќна здравствена алатка – пишува во извештајот, кој ги анализира резултатите од истражувањето во контекст на намалување од 54 отсто на стапката на пушење во Шведска од 2012 година до денес.

    Исто така, пониската стапка на рак на белите дробови кај мажите во Шведска за 61 отсто во споредба со просекот на ЕУ и пониската стапка на смртност од рак за 34 отсто, се наведуваат како важен аргумент. Целиот извештај е достапен тука, а воведот го даде проф. Хајно Стовер од Универзитетот за применети науки во Франкфурт, кој, меѓу другото, го опишува како „не само доказ за храбриот пристап на Шведска, туку и повик за акција“.

    – Ако другите земји го сакаат успехот на Шведска во спасувањето животи, тие мора да прифатат алатки што го прават откажувањето од пушење достапно и одржливо. Тие треба да ја стават науката пред идеологијата, а сочувството пред контролата – пишува проф. Стовер во своето воведно излагање, наведувајќи дека во центарот на ова дело е верувањето во научно засновани докази, прагматичните стратегии како поефикасни од казнените пристапи или пристапите само кон апстиненција

    Популарно

    Масовна тепачка пред угостителски објект во Карпош: Приведени седум лица

    01.03.2026 во 13:35

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Иран го затвори Ормутскиот теснец и се закани дека ќе го запали секој брод што ќе проба да мине оттаму

    02.03.2026 во 22:54

    Израел нареди итна евакуација на делови од Техеран: На нишан е државната телевизија

    02.03.2026 во 23:05

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.