Close Menu
Press24
    Најново

    Жена ограбена на автобуска во Скопје

    05.03.2026 во 08:18

    Бомба најдена во двор во Македонија

    05.03.2026 во 08:16

    Хоџа на увид на инфраструктурни проекти во Струга

    05.03.2026 во 08:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Жена ограбена на автобуска во Скопје
    • Бомба најдена во двор во Македонија
    • Хоџа на увид на инфраструктурни проекти во Струга
    • Придружниот вокал на „ДНК” раскажа за хоророт – Со сослушување сведоци продолжува судењето за „Пулс”
    • Денеска ќе се знае предлогот за нов член на Судскиот совет
    • Премиерот Мицкоски во работна посета на Штип
    • Внимателно на патиштата – АМСМ информира за состојбата
    • Топло ама со дожд и грмежи – Ќе се врати ли сонцето за викендот?
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Истражување на ЦГК: Вредноста на јавните набавки во здравството е повеќе од двојно зголемена

    Истражување на ЦГК: Вредноста на јавните набавки во здравството е повеќе од двојно зголемена

    23.12.2025 во 09:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Центарот за граѓански комуникации денес го објави истражувањето Клучни „играчи“ и конкуренција во јавните набавки во здравството во периодот од 2015 до 2024 година. Истражувањето покажа дека:

    »   Во последната декада вредноста на јавните набавки во здравството е повеќе од двојно зголемена, додека бројот на фирми што добиле тендер пораснал за само 12 %, што укажува на концентрација на средствата кај ограничен број добавувачи.

    »   Со растот на вредноста на тендерите, уделот на десетте најголеми носители на договорите за јавни набавки се намалил од 62 % во 2015 на 49 % во 2024 година, што укажува на умерено намалување на концентрацијата.

    »   Две компании – „Алкалоид Конс“ и „Д-р Пановски“, во последната деценија ја зацврстиле својата доминација во јавните набавки во здравството и сега контролираат една четвртина од вкупната вредност на тендерите во овој сектор. Нивниот удел се зголемува на третина, ако се анализираат само набавките на лекови, медицински потрошен материјал и опрема.

    »   Повеќе од половина од набавките во здравството во изминатата декада им припаднала само на 10 фирми кои добиле тендери во вкупна вредност од над 1 милијарда евра.

    »   Низ годините расте вредноста на тендерите што најголемите десет добавувачи во здравството ги добиваат во постапки во кои биле единствени понудувачи и немале конкуренција. Просечно гледано, ако пред 5 години најголемите фармацевтски  компании немале конкуренција во третина од вредност на договорите (33 %), сега ја немаат во повеќе од половина од склучените договори (55 %).

    »   Отсуството на конкуренција го концентрира богатството и влијанието меѓу мала група доминантни играчи и доведува до зголемени цени, намален квалитет на здравствените услуги за пациентите и намалена разновидност на лекови.

    »   Гледано по програми, во набавката на лекови и на потрошен материјал за третирање дијабетес доминира компанијата „Феникс Фарма“, во програмата за имунизација на населението „Алкалоид Конс“, а во програмата за ретки болести „Алкалоид Конс“ и „Д-р Пановски“. Во тендерите за набавка на реагенси и тестови, пак, доминираат  „Авицена“ и „Биотек“.

    До целото истражување може да се пристапи преку следниот линк.

    Популарно

    Министерот Тошковски стана татко по третпат – му се роди син

    04.03.2026 во 23:58

    САД открија кои четири цели на Иран мора да бидат збришани, авионите ќе удираат сè подлабоко

    04.03.2026 во 23:29

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Неколку скопски улици утре ќе останат без струја до 13 часот

    04.03.2026 во 19:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.