Истражување: Луѓето со оваа крвна група имаат помали шанси од кардиоваскуларни болести

Доколку консумирате намирници кои не ѝ одговараат на вашата крвна група веројатно е дека ќе имате здравствени проблеми.

Истражувањето кое го објавило Европското кардиолошко здружение, опфатило анализа на податоци на над 1,3 милиони луѓе, а резултатите покажале дека ризикот од кардиоваскуларни проблеми кај луѓето со крвна група А, Б или АБ е поголем отколку кај луѓето со крвна група О.

Се смета дека луѓето со „ризични“ крвни групи имаат поголемо ниво на протеини за згрутчување на крвта што може да предизвика и тромбоза, а тоа е и една од главните причини за срцев или пак мозочен удар.

Исто така луѓето со крвна група А, Б или АБ често имаат поголемо ниво на т.н. лош холестерол и галектин 3 кој се поврзува со воспалителни процеси во организмот.

Теса Коли, водач на истражувањето од Универзитетот Гронинген во Холандија истакнала дека сепак потребно е да се направат и дополнителни истражувања за да се потврдат ваквите резултати.

„Во иднина крвната група би требало да биде земена предвид како ризик при превенција кај кардиоваскуларните болести, еднакво како што се разгледува и количината на холестерол, годините, полот или пак крвниот притисок“, објаснила таа.

10.06.2021 - 17:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа