Истрагата против Жан Митрев ќе заврши до крајот на годината

За два до три месеца се очекува да заврши истражната постапка која скопското обвинителство ја покрена против Жан Митрев, пренесува „Алсат“.

Од Обвинителство брифираат дека веќе биле сослушани повеќе од 80 проценти од пријавените како оштетени. Првиот човек на скопското обвинителство, Гаврил Бубевски, денеска кажа дека на истрагата во моментов засилено работат финансиски, но и компјутерски истражители.

Во меѓувреме, покрај тоа што му е одземен пасошот, директорот на Клиниката „Жан Митрев“ дал и дополнителна гаранција дека нема да избега додека трае истрагата. Уште кога бил осомничен, тој на сметката на судот депонирал еден милион евра. Доколку против него се покрене обвинение и евентуално се утврди вина, неофицијално оваа сума би можела да покрие значаен дел од финансиската штета, уплатена за лекување на починатите пациенти во клиниката.

05.10.2022 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега