Close Menu
    Најново

    Хороскопски знаци кои чувствуваат најголем притисок пред крајот на годината

    30.12.2025 во 20:45

    Зеленски: Водиме разговори со Трамп за можни американски трупи во Украина

    30.12.2025 во 20:33

    Рама најави: Албанија почнува да произведува оклопни возила и борбени дронови

    30.12.2025 во 20:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Хороскопски знаци кои чувствуваат најголем притисок пред крајот на годината
    • Зеленски: Водиме разговори со Трамп за можни американски трупи во Украина
    • Рама најави: Албанија почнува да произведува оклопни возила и борбени дронови
    • Пукање во Будва: едно лице загина, градот под засилени безбедносни мерки
    • Турција погодена од над 53.000 земјотреси годинава
    • Рации во 21 провинција: Турските власти уапсија 357 лица
    • ФОТО: Град Скопје го објави списокот со изведувачи – позната агендата за утрешната прослава на Плотад Македонија
    • Туск: САД се согласиле да распоредат сили во Украина по мировниот договор
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Истрага против тројца турски државјани за изнуда во Скопје

    Истрага против тројца турски државјани за изнуда во Скопје

    30.09.2025 во 18:36
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    30 Сеп 2025 by

    Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против тројца турски државјани за кои постојат сомненија дека сториле кривично дело – Изнуда од член 258 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

    Тројцата осомничени во група, со сериозна закана по живот, присилиле еден оштетен, исто така државјанин на Република Турција, да им исплати 40.000 евра.

    Оштетениот на 6 септември дошол во државава со намера да отвори фирма за градежништво и ИТ, а првоосомничениот, кој според досегашните сознанија се наоѓа во Дубаи,  го контактирал телефонски преку мобилна апликација. Му се заканувал и му барал различни суми во износ до 70 илјади евра. Му испраќал и пораки со заканувачка содржина дека ќе го најде и во Македонија и ќе го убие доколку не продолжи да му плаќа рекет.

    На 28 септември во земјава пристигнале другите двајца осомничени, од кои едниот внук на првоосомничениот  и веднаш го контактирале оштетениот со намера да ги земат парите.

    Се договориле да се сретнат со жртвата во еден трговски центар, па кога тој им го предал ковертот во кој се наоѓале обележани парични средства веднаш биле лишени од слобода.

    Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да ги прикријат трагите или да влијаат врз сведоците, како и особени околности што го оправдуваат стравот дека ќе го повторат кривичното дело, јавниот обвинител предложи на двајцата уапсени осомничени да им биде определена мерка притвор. Во однос на првоосомничениот, се преземаат дејствија за негово лоцирање со цел обезбедување за натамошната постапка.

    Популарно

    Обвинителството ја затвори познатата скопска кафеана

    30.12.2025 во 11:25

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50

    Денеска подгответе се за снег – од утре голем пресврт

    30.12.2025 во 09:08

    Сопругата и синот на Мицкоски на гости во Влада

    29.12.2025 во 18:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.