Светот со нетрпение ги чекаше деталите од вчерашната 50-минутна средба во Давос, а денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди: „Документот е подготвен!“. По разговорот со Доналд Трамп, Зеленски откри дека безбедносните гаранции од САД се на маса и сега само американскиот претседател треба да ги одреди датумот и местото за свеченото потпишување.

„Ова е историски важен документ за нас. Чекам одговор од претседателот Трамп“, порача Зеленски, додавајќи дека по потписот, договорот ќе оди на ратификација во американскиот Конгрес и украинската Рада. Трамп, пак, средбата ја оцени како „многу добра“, повторувајќи ја својата порака дека „војната мора да заврши“.

Exit mobile version