Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска најави настан кој локалното население го чекаше цели четири децении. По долги години тишина и распаѓање, култниот Дом на културата „11 Октомври“ во населбата Ченто е целосно реконструиран и подготвен за употреба.

Стефковски преку емотивна објава порача дека ова не е само градежен објект, туку симбол на победата над долгогодишната запоставеност.

„Ова е срцето што повторно чука за Ченто. Она што со децении беше празнина, денес станува дом за идеи и уметност. Ветивме и остваривме – промените се случуваат кога се работи чесно“, вели Стефковски.

Exit mobile version