Историски ден за Америка: Вашингтон како тврдина- затворени улици, вооружени војници и поставени огради од бодликави жици (ВИДЕО)

 

По немирите во Капитол, Вашингтон се подготвува за инаугурацијата на Џо Бајден со екстремни безбедносни мерки - затворање на улиците, поставување огради со бодликава жица и распоредување илјадници американски војници.

Вашингтон е претворен во тврдина по нападот на Конгресот, храмот на американската демократија. Повеќе од 25.000 припадници на Националната гарда, воени резервисти, го обиколуваат градот вооружени. Жични огради и бетонски блокови се подигнати за да се заштитат спомениците како Белата куќа и Капитол или да се затворат главните патишта.

Националниот мол, големата полјанка што води од споменикот на Линколн до Капитол, ќе биде затворена за јавноста. Стотици илјади Американци традиционално се собираа таму за да го поздрават новиот претседател.

Наместо нив, поставени се скоро 200.000 знамиња за да претставуваат граѓани кои нема да можат да дојдат годинава.

Американската полиција предупредува дека заканите за нови вооружени напади од страна на екстремно десничарски групи се реални. Ќе бидат во голема подготвеност во текот на историскиот ден.

Новиот претседател планираше церемонијата на инаугурацијата да биде главно виртуелна, со цел да се спречи ширењето на инфекцијата Ковид-19. Од самиот почеток на неговиот мандат, тој сака да биде поразличен од Трамп, чии поддржувачи не сакаат да носат заштитни маски и не ги почитуваат повеќето епидемиолошки мерки.

По заклетвата, Бајден ќе одржи традиционален говор во кој ќе го потенцира помирувањето на Американците.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2021 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега