Исполнети скоро сите легла за болни од Ковид во струшката болница

Во Струшката Општа болница речиси целосно е исполнет капацитетот на легла за пациенти позитивни на коронавирусот.

Директорот Мухамед Асани во изјава за МИА појасни дека болницата нема Ковид центар, туку дел од Интерното одделение, кое располага со 30 легла, е преадаптиран за лечење на овие пациенти.

– Струшката болница нема Ковид центар. Во Интерното одделение 10 кревети се наменети за пациенти позитивни на Ковид-19. Во моментот има седум позитивни што лежат и два сомнителни случаи. Значи слободен е уште еден кревет, изјави Асани.

Потсети дека Струга е еден од 16-те градови каде треба да се постави монтажна болница и оти чекаат нејзино монтирање.

Во Струга и струшко во моментот активни се околу 60 случаи позитивни на коронавирусот, а процентот на смртност е доста висок. Причина за високите бројки, според доктор Асани, е непочитување на мерките дадени од Министертсвото за здравство.

– Населението да ги почитува мерките на Светската здравствена оргнизација за заштита од Ковид 19 и да спречи ширење на заразата. Носење маски, избегнување собири, растојание и почесто миење раце, порача Асани. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега