Испитувањата покажаа: Скопјани пијат безбедна и квалитетна вода

 Испитувањата на водата за пиење во град Скопје, покажаа дека скопјани пијат безбедна и квалитетна вода, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, за период од 17 до 21 август, направени на 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Град Скопје, покажале дека сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Од ЈП Водовод и Канализација истакнуваат дека Секторот за санитарна контрола, е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.08.2020 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега