Исчезнуваат жени во Смедерево - Милица е трета по ред, легнала да спие, утрината не ја нашле

20-годишната Милица Јаковлјевиќ од селото Осипаоница кај Смедерево исчезнала во понеделникот утрината , открил нејзиниот сопруг Јован Јаковлјевиќ.

Според сведочењето на сопругот, пред исчезнувањето, Милица бил со својот тригодишен син дома.

„Работев трета смена, а таа вечерта легна да спие со нашето дете. Кога моите родители утрината се разбудиле, не била во креветот. Оттогаш ја бараме, од неа нема ни траг ни глас“, тврди сопругот Јован.

Милица пред да исчезне на својот сопруг на Фејсбук во 04:58 утрината на Фејсбук му напишала порака „Збогум беби“.

„Никому не се јавува. Ниту на дсвоето семејство, ниту на пријателите. Со денови ја пребаруваме околината, ја бараме по напуштени викендички, шуми, секаде. Повеќе не знаеме каде да ја бараме“, наведува нејзиниот сопруг.

Нејзиниот телефон н е достапен од вторникот, а ниту на Фејсбук не се вклучила од последната порака која ја испратила на сопругот. Како можна причина за нејзиното заминува Јован ја наведува кавгата која ја имале пред 20-тина дена.

Но, тој кажал и дека оваа година во март Милица се обидела да се самоубие.

„Тогаш исчезна на 10. март и потоа се обиде да изврши самоубиство со скокнување од мост. За среќа, беше лесно повредена, а после тоа некое време лежеше во психијатриска болница“, вели Јован.

Инаку во изминатите денови во Смедерево исчезнале 3 жени, пишува „Новости“.

Освен исчезнувањето на Милица, пријавено е исчезнување на уште две жени. Една на возраст од 43, а друга а возраст од 45 години. Семејството замоли доколку некој ги види да ги исконтактира.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.07.2020 - 09:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега