Исчезна Изјавата на родилката-лекарка од нејзиното досие на ГАК,случајот пријавен во полиција

Исчезнала Изјавата од медицинското досие на родилката-докторка во која потпишала дека нема заболен член на семејството, а при прием криела дека нејзиниот свекор е позитивен на Ковид, дознава НОВА. Случајот е пријавен во МВР и во моментот на Клиниката за гинекологија треба да пристигнат инспектори за да се истражи кој ја украл Изјавата од просторијата каде што стоело медицинското досие. Информацијата за НОВА ја потврди директорката Викторија Јовановска.

„ Да точно е, исчезна Изјавата од пациентката. Во надзорна камера го имаме снимено моментот како ја потпишува Изјавата. Но, таму каде што стои досието нема камера. Повикавме полиција за да се открие кој го украл документот“, изјави за НОВА, Јовановска.

Јовановска тврди дека вчера имала притисоци од семејството да се повлече Изјавата на родилката и целиот случај да с е смири, за како што рекле“ние сме угледно и ценето семејство“.

Родилката која на ГАК с е преставила како лекарка, (веројатно з а да ја третираат подобро) за која се утврди дека дипломирала медицина, но нема лиценца и државен испит сега е хосиптализирана на Инфективна клиника. Таму признала дека една недела пред породување имала некои симптоми, како што се болки во грлото.

Таа во саботата била примена на ГАК и не кажала дека нејзиниот свекор со кого живеат во иста куќа е позитивен на Ковид. Таа била сместена со уште две родилки во болничката соба.

Кога по приватна линија лекарите дознале дека во семејството има позитивен, веднаш била префрлена во изолираниот дел. Но, родилка самоволно ја напуштила клиниката и заминала во „Ремедика“ каде што се породила со царски рез, пред да стигнат резултатите од нејзиниот тест кој покажал дека е позитивна.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2020 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега