Исчезна 36-годишна жена од Кратово

Вчера, во текот на раните утрински часови во полициската станица во Кратово е пријавена за исчезната жена на 36- годишна возраст.

Според информациите од портпаролот на Секторот за внатрешни работи, Живкица Чавдаревиќ, лицето е пријавено за исчезнато од страна на нејзиниот сопруг.

-На 17 август 2020, рано утрината, во еден часот и пет минути, во Полициската станица од општа надлежност Кратово, педесет и две годишен жител на Кратово, со иницијали С.Г. од селото Филиповци, пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга М.Г., 36 години. Надлежните институции и министерството за внатрешни работи превземаат мерки за пронаоѓање на лицето, посочи Чавдаревиќ. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.08.2020 - 16:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега