Руската државјанка Људмила Туркова Константиновна (28) е пријавена за исчезната од саботата, 25 јули, кога последен пат била видена во белградската општина Палилула.

Според информациите од нејзините блиски, таа се подготвувала да излезе во ноќен клуб, но засега не е познато дали уопште стигнала на дестинацијата. Последната порака Људмила ја испратила истата вечер во 23:15 часот, по што нејзиниот телефон е недостапен и нема никаква активност на социјалните мрежи. Во моментот на исчезнувањето, можно е да била облечена во црни хеланки или посветла облека.

Исчезнатата девојка е со висина од 164 сантиметри, тешка околу 55 килограми, со долга руса коса. Има пирсинг на носот и неколку специфични тетоважи — две змии на предниот дел од левата бутина, голема калиграфска тетоважа на десната потколеница, како и тетоважи во јапонски стил на рамената и неколку помали цртежи на телото.

Другарка на исчезнатата изјави дека за официјален почеток на истрагата од српските власти се чека формално известување.

„За официјална истрага од локалните власти во Србија се чека Интерпол да ја препрати пријавата која нејзината мајка веќе ја поднела во Русија“, изјави нејзината другарка.

Пријателите упатуваат апел до сите кои ја виделе Људмила или имаат каква било информација за неа, веднаш да се јават на телефонскиот број на нејзината другарка Дарија (+381 65 304 29 17) или во најблиската полициска станица.

Exit mobile version