Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?

    20.09.2026 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Иран се закани дека ќе ја блокира Ормуската теснина откако Трамп најави нови напади

    Иран се закани дека ќе ја блокира Ормуската теснина откако Трамп најави нови напади

    08.07.2026 во 19:212 Mins Read
    President Donald J. Trump delivers remarks at Verst Logistics Manufacturing in Hebron, Kentucky on Wednesday, March 11, 2026. (Official White House Photo by Joyce N. Boghosian)
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Иран денеска се закани дека целосно ќе ја блокира Ормуската Теснина доколку САД извршат нови напади, со што тензиите ескалираа на највисоко ниво во изминатите неколку недели.

    Предупредувањето следуваше по големата ескалација на непријателствата во текот на ноќта, која вклучуваше американски напади врз повеќе од 80 цели во Исламската Република и ирански напади врз воени капацитети поврзани со САД во заливските држави Кувајт и Бахреин.

    Иранската државна телевизија на англиски јазик, „Прес ТВ“ (Press TV), повикувајќи се на добро информиран безбедносен извор, јави дека Техеран е подготвен да се бори за да ја задржи контролата врз стратешкиот воден пат, низ кој минува значителен дел од глобалните енергетски резерви. Во извештајот се наведува дека Иран нема да прави разлика меѓу Соединетите Држави и нивните регионални сојузници.

    Зборувајќи претходно на самитот на НАТО во Анкара, претседателот Доналд Трамп изгледаше како целосно да се откажува од неодамна договореното примирје со Иран, доведувајќи го во прашање и продолжувањето на преговорите меѓу двете земји, пренесе ДПА.

    – Мислам дека е готово – рече тој за примирјето.

    „Не сакам повеќе да имам работа со нив, тие се ѓубриња. Знаете ли што се ѓубриња? Е па тие се тоа. Тие се болни луѓе. Предводени се од болни луѓе. Тие се сурови, насилни луѓе. И да имаат нуклеарно оружје, би го искористиле. Што се однесува до мене, завршено е“, рече тој.

    Истовремено, Трамп додаде дека американските преговарачи можат да ги продолжат разговорите доколку сакаат.

    Тој исто така му се закани на иранското раководство со нов голем воен напад, велејќи дека американските сили „веројатно вечерва повторно ќе ги удрат уште посилно“.

    Трамп подоцна изјави дека САД би можеле повторно да ја воведат поморската блокада насочена кон бродовите што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа. Вашингтон вчера веќе ги врати санкциите за продажба на иранска нафта, кои беа укинати со минатомесечниот привремен договор со Техеран.

    Трамп рече дека последната ескалација била предизвикана од неодамнешните ирански напади врз три комерцијални бродови во Ормуската Теснина

    Прочитај повеќе

    Вучиќ заминува: Ја почна последната недела како Претседател на Србија

    20.09.2026 во 13:35

    „Октоберфест“ почна со инцидент: Посетители виселе со главите надолу поради дефект на реквизит

    20.09.2026 во 12:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.