Интернет услугите во Иран се речиси целосно во прекин по почетокот на американските и израелските воени операции, потврди денеска групата за следење на интернет „НетБлокс“. Според извештаите, падот на мрежата е во согласност со претходните безбедносни мерки што земјата ги применуваше за време на конфликтите.
„Потврдено: Податоците од мрежата покажуваат дека интернет услугите во Иран се речиси целосно прекинати. Инцидентот се случува во време на американските и израелските воени операции и е во согласност со мерките што се користеа за време на минатогодишната војна со Израел“, соопшти групата, а пренесе „Ен-Би-Си Њуз“.
Дополнително, локалните агенции известуваат дека во делови од главниот град Техеран се прекинати и сигналите на мобилната телефонија. Овој чекор на властите доаѓа по период на нестабилност, откако интернет врските беа под рестрикции речиси три недели поради масовните протести низ земјата.


