Иранските вооружени сили испратија брутална порака до Вашингтон и Тел Авив, нагласувајќи дека конфликтот нема да заврши набрзо, туку ќе трае сè до „целосно предавање на непријателот“. Преку агенцијата „Тасним“, Техеран директно ги исмеа тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека војната би можела да стивне за неколку недели.
Иранската војска предупредува дека нивните следни чекори ќе бидат „поразорни и помоќни“, додека Трамп од другата страна на океанот се закани со враќање на Иран во „каменото доба“.
„Војната ќе продолжи сè до трајното каење на непријателот. Подготвени сме за пошироки напади кои ќе ги почувствуваат и САД и Израел“, гласи заканувачкото соопштение од иранскиот воен врв.

