Инвеститорите загрижени: Биткоинот загуби 10 отсто од вредноста

Цената на биткоинот продолжува да паѓа, па затоа во моментот со најпопуларната криптовалута се тргува по цена од околу 51.500 долари. Вредноста утрово беше околу 52.900 долари, а во текот на изминатите 24 часа, биткоинот загуби речиси 10 проценти од својата вредност.

 

Практично, сегашната цена е за 10.000 американски долари пониска од историскиот рекорд од 61.500 долари.

 

Во текот на изминатиот ден, цената на криптовалутата се движеше меѓу 52.000 и 57.000 „зелени банкноти“, а денес околу 13:30 часот беше на најниско ниво и вредеше помалку од 51.000 долари.

Дводневниот пад на размената на криптовалути ја намали пазарната капитализација на биткоинот на 960 милиони долари, но неговата вредност сепак е поголема од двете најголеми мрежи за плаќање картички во светот, чија вкупна пазарна капитализација е 871 милијарди долари, како и три најголеми светски банки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.03.2021 - 22:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега