Интимни мемоари: Излегуваат нови детали за кралското семејство

Меган и Хари не се во добри односи со Кејт и Вилијам, додека актерката имала неколку бесни испади на персоналот – тврди Том Квин,автор на новата книга за случувањата на кралскиот двор „Интимни мемоари: Од кралицата Мери до Меган Маркл“.

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл и принцот Хари живееле разделени од остатокот на семејството и во петпати помала квадратура, за разлика од војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.  Ова направило Меган да се чувствува како да не припаѓа во семејството, туку како гостинка.

„Имаше чувство дека никогаш нема да добие почит и третман каков што има Кејт“, се наведува во еден извадок од книгата.

Додека живееле во Велика Британија, браќата и нивните сопруги на почетокот честопати се дружеле, но средбите се намалувале со текот на месеците. Тоа придонело да дојде до инцидент, во кој една ноќ Меган ја изгубила својата контрола и почнала да вика пред еден од вработените помошници на Кејт Мидлтон.

Наводно, Меган ги замолила помошниците да направат нешто за неа. Тие одговориле дека не можат, затоа што работат за Кејт. Појасниле дека тоа се правила на протоколот, секој има свој личен персонал. На ова следувала конфликтна реакција од Меган, за што извикала дека е дел од семејството и дека заслужува почит. На тој начин релацијата помеѓу Кејт и Меган станала трајно нарушена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.07.2020 - 21:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега