Интервентна влезе во Арачиново - двајца уапсени

Денеска (03.03.2024) во 03.30 часот во с.Арачиново, скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје во содејство со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Љ.(31) и А.С.(35), двајцата од село Арачиново.

А.Љ. бил осуден на казна затвор од осум години и шест месеци за сторени кривични дела „криумчарење мигранти“ по член 418 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот, каде што имал за доиздржување на четири години и три месеци од казната. Додека, А.С. бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од 10 месеци за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик.
Лицата биле предадени во Полициската станица Гази Баба, по што ќе бидат спроведено во надлежнита казнено – поправни установи за издржување на казните.

03.03.2024 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега