Интернет страницата на Собранието е вратена во функција

„Информираме дека интернет страницата на Собранието е вратена во функција. Согласно информациите од стручните лица надлежни за ИКТ станува збор за напад од надвор (flood attack), односно напад од повеќе конекции, чија последица е недостапност на интернет страницата. Во моментов оневозможен е пристап до страницата од странски адреси но е достапна за домашните корисници.“- пишува во соопштението испратено до медиумите.

-Во меѓувреме надлежните службеници ќе ја следат состојбата и штом се констатира дека е безбедно, пристапот за корисниците од странство ќе бидеовозможен.- додаваат од Собрание.

25.03.2023 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега