Институтит за македонски јазик доставил забелешки за Предлог-законот за високото образование, кои биле утврдени на состанок на неговиот научен кадар. Директорката Елена Јованова-Грујовска изјави дека побарале да нема интервенција откако беше спомнато дека може ќе се намалува бројот на студиски програми на кои се запишани двајца до пет студенти.

-Во ера на глобализација многу е битно да останат студиите од прв, втор и трет циклус на македонски јазик, затоа што ако во Македонија не се изучуваат, каде да бараме да се изучуваат на друго место. Потоа побаравме изедначување на критериумите за одење во следните звања. Институтот вработи солиден број кадар во минтатите четири години и сега треба да им се овозможи релаксирано да докторираат и да го добијат првото звање. Изедначувањето го побаравме затоа што за сите останати преку едно звање почнува да им важи новиот закон. Ние посакавме и за нашите млади соработници да важи, конкретно од вонреден професор или од виш научен соработник да важи, изјави Јованова-Грујовска.

Како и нивните колеги од Институтот за македонска литература, рече таа, побарале да се вреднуваат и нашите списанија кога се работи за критериумот за објавување трудови.

Exit mobile version