Вчера во 15:30 часот во СВР Скопје, 32-годишник од Скопје пријави дека бил измамен од едно лице за сума  од 800 евра.

Според пријавеното, претходно, додека управувал патничко возило застанал на знак од лицето, кое му барало пари за да стави гориво да стигне до одредено место. Како што е пријавено, се договориле да му го продаде личниот златен накит, а откако отишол во златарница го известиле дека накитот не е златен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Exit mobile version