На Клиниката за инфективни болести во Скопје нема евидентирано пациенти со гастроинтестинални тегоби предизвикани од водата за пиење во главниот град, потврди денеска директорот на установата, д-р Фадил Цана.

Одговарајќи на новинарско прашање за тврдењата кои се проширија на социјалните мрежи за наводни здравствени проблеми од скопската вода, тој истакна дека такви податоци во клиниката нема.

Тоа што можам ја да го кажам како директор на Инфективната клиника, е дека на клиниката немаме такви податоци дека причина за некое гастроинтестинално нарушување има пациенти пријавени, зошто тоа нели по постапка дијагностичка мора да биде ова пријавено. Засега има нормално зголемен број, со оглед на горештиниве. Бројот е зголемен, но, не е над нормалата во споредба со претходните години, тука е, во очекуваниот раст. Така што, немаме податоци дека некој има гастроинтестинални тегоби поради водата, поради пиење на вода – подвлече Цана.

Директорот на Инфективната клиника одговараше на прашањата по прес-конференцијата во Министерството за здравство, која беше посветена на состојбата со Западно-нилската треска во државата, бројот на заболени лица и нивната клиничка слика.

Exit mobile version