Прометот во индустријата во јули 2026 година е зголемен за 2,7 проценти во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Раст е регистриран кај интермедијарните производи, без енергијата, каде што прометот е зголемен за 6,2 проценти, како и кај нетрајните производи за широка потрошувачка, со раст од 11,7 проценти.

Од друга страна, кај капиталните производи е забележан пад од 6,3 проценти, додека кај трајните производи за широка потрошувачка прометот е намален за 2,9 проценти.

Во споредба со јуни 2026 година, вкупниот промет во индустријата во јули бележи намалување од 8,5 проценти.

Сепак, на годишно ниво, односно во периодот јануари-јули 2026 година во споредба со истиот период лани, индустрискиот промет е зголемен за 2,3 проценти.

На домашниот пазар во јули е регистриран раст од 8,5 проценти, додека во првите седум месеци од годинава растот изнесува 3,8 проценти.

Прометот на странските пазари во јули е зголемен за 1,9 проценти во однос на истиот месец лани, а во периодот јануари-јули растот изнесува 2,2 проценти.

Најголемо влијание врз растот на вкупниот индустриски промет во јули имале производството на прехранбени производи со раст од 2,3 проценти, производството на метали со 7,3 проценти и производството на машини и уреди со 1,9 проценти.

Exit mobile version